Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Улицата остро свртуваше и завршуваше во долги скали што водеа во една потоната уличка, во која неколкумина тезгаџии продаваа овенат зеленчук.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така, доаѓаме до сознание дека дури и оние кои изгледаат длабоко забраздени во Исусовиот катихезис (како македонскиот народ во односот со своите поробители, соседи и др.) не можат да издржат вечно да го свртуваат и другиот образ.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се свртува и Манол и почнува и тој да трча.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се свртувам и гледам дека ме гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Не истрчувај се многу, му велам јас на Хаџиевски, а тој ми се свртува и вели: — Каде е тоа Срем, Небеска?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И господи, боже мој, Верочка, помисли си: Лења е сега само неколку улици понатаму од нас и јас во мислите постојано натаму се свртувам и ништо не гледам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се свртуваше и со насолзени очи ја зариваше главата во перницата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Свртуваат и рамномерно удираат строев чекор. Од под искинатите цокули пуфка прав.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Моторите не ги исклучувавме. Сѐ додека траеше растоварувањето, резервоарите ги полневме со бензин и кога ќе слушневме дека е готово, свртувавме и право во магазините.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)