Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
За миг се свртува наназад, очигледно ненавикнат на движење, да отвори нова кутија цигари. Припалува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)