Низ дворот црковен луѓето тешко се пробиваат до црквата, особено оние што зад себе влечат добиток за да го подарат; калуѓерите одат пред нив, се пробиваат низ настисканиот народ и им прават пат; пред секој што носи дар, зурлите одат напред, свират, а дарителот по нив; свртуваат по три пати околу црквата со добитокот и потоа им го предаваат на калуѓерите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Влезе еднаш во неговата врата, онаков русокос, извишен, сиот еден ластер, влезе сосема бесшумно и со една попуста желба никому да не му падне в очи, бидејќи имаше една таква ѕвезда, крај која не можеше да се помине, а да не се забележи, бидејќи сите се свртуваа по него, нешто ги принудуваше да се свртат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)