сврти (гл.) - и (чест.)

Не сум верник да го свртам и другиот образ. Свртувам нова страница.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Па се сврте и кон него: - Ќе дадеш ли малку да те боцнеме, а?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А потоа се сврте и кон нас: - Ви честитам. Вие најмногу придонесовте за ова...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му се сврте и на Дончо, му се закани не со завратник, туку со прстот Ами ако са лизнеше у гулемта вода?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)