сврти (гл.) - уште (прил.)

Надвор го пречека сонлива ноќ. Така збунет тој тешко воздивна и се сврте уште еднаш да ја види воденицата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оживеаниот Сане Сандин се сврте уште еднаш околу себе и се стрча по Клисура.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се сврте уште еднаш, како да велеше со својот нем, кроток поглед „До видување. Ви благодарам“, па со лесно потскокнување исчезна во зелената шума.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чувството за некаква кобна завлечканост во неговите петици тој не го загуби ниеднаш и сигурно затоа можеше да застане и да се сврти уште на првото 'ржнување, што го чу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од врата се сврте уште еднаш, го погледна Коча и ги собра рамената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)