сврти (гл.) - лево (прил.)

Но, понесен од некаква внатрешна милина, која требаше да им ја пренесе што побрзо на Мајка, и на децата, тргна кон реката, со забрзани чекори, се најде пред Дрвениот мост, сврте лево и веќе беше близу до куќата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тенковите свртија лево и се втурнаа во полето во насока на Пероо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Свртија лево. По неполни дваесетина минути придодадените курири застанаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога излегоа во лединката, свртија лево.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Американскиот новинар со својот преведувач, на половина пат до Костур, сврте лево.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг, како урбан камелеон, од возач се трансформира во пешак, си сврте лево и зацепа кон Кисела вода.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Оваа патека сега треба да сврти лево И да почне да се искачува Во далечните столетија на детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оди ваму, оди; оди таму, оди; сврти лево, сврти; сврти десно, сврти; оууу, стој, застанува; врати назад, враќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Доаѓајќи на раскрсницата до бензинската пумпа, каде што работеше Боб, сврте лево и застана пред гостилницата ”Нахрани ја торбата.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не сум, не можеш овој пат да ме видиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти си тука? – се свртев лево – десно, изненадена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сврти лево, сврти десно, едно сокаче, друго сокаче. Си стигнал дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Новодојдените сè уште си ја дозволуваа таа слобода да се свртат лево или десно, да погледнат во малото, високо небо над домот или само така бесцелно со погледот часови да лунѕаат по шарениот ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Свртете лево и право по патот. - А патот е добар? - Многу добар...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Свртивме лево, го прегазивме селскиот макадам, ги растеравме кокошките од крајсокачните буништа, и откако нѐ излааја речи сите селски кучиња, излеговме од селото и го фативме многу добриот пат. Камен до камен, локва, кал – не измеривме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ќе стигнете до широката раскрсница, ете се гледаат од тука семафорите, веднаш свртете лево и ќе влезете во улицата што ја барате.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одеа со бавен чекор, чиниш го мереа патот, свртија лево и ја фатија благата угорнина и влегоа во шумата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стигнав до подножјето, тука имаше и шума.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога дојдов се исплашив, не се гледаше ридот, ако тргнев десно, таму беа Германците, ако свртев лево, според претставата што ја имав додека го набљудував озгора местото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Скоро летав по угорницата до баирското училиште, свртив лево кај кривината и по стотина метри се најдов пред куќата со масивна порта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)