Се сврти спрема Богатина, го грабна за раце, му ги свитка одзади и му ги зеде и своите десет грошеви и другите десет од облогот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Садриазамот се сврти спрема старецот; тоа, да не ја нападне првин главната цел, туку да удри на неа, со сите расположиви сили, дури откако ќе ја обезбеди заднината, беше основа на неговата воена вештина, па сега, упорно загледан во старецот, се прашуваше дали тој не го лаже, дали навистина луѓето се избегани на Имотот?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)