Ти си замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа, која ќе збесне поради тоа што го правиме и која ќе се сврти против нас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Целиот свет се свртел против мене и сите се занимаваат со моите проблеми! А проблеми имам еден куп.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми се чини дека целиот свет се свртел против мене, а универзумот ми крои заговор.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И сите произлегуваат од иста причина: мене никој жив не ме сфаќа и не ме разбира.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од тој момент, оружјето на „миење мозок” е свртено против тие што први го употребувале против него.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)