Сам или ти го доведе, Коста?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На имениот ден на грчкиот крал, на 6 мај, тогаш кога во битолските улици се колело невино христијанско население, во Атина Атинскиот универзитет приредил банкет, на кој музиката го свирела маршот „Хамидие“, кој бил ислушан на нозе и бил проследен со „Да живее султанот!“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Каква штета... Замислете: дувачки оркестар во марш свири маршови тука, во Прењес...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Воениот оркестар свири маршеви, владиците и даскалите држат говори, а месните, сега малобројни шегаџии и во одминати години во спомен на Павлос Mелас тивко потпевнуваат една од песните што пред многу години ги пееле шегаџиите од околните села: Е, ре Павле, ре Павле, Паметвиш ре Павле, Кога се криеме о ена воденица О која најдоме ена вдовица, Која ни даде биеница И му трнаме по ена палица?....
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)