свика (гл.) - по (предл.)

Кога видело Велко оти стоел Силјан на тоа место, пошол да си го земе стапчето и го грабнал штркот преку половина со обете раце и свикал по мајка си: „Мајко, мајко го фатив штркот.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Следниот ден, еден ден пред доделувањето на дипломите (имав единаесет петки и една четворка, се разбира, по физичко образование), ме свикаа по телефон во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Свикал по луѓето од гробишатата, се собрал народ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој почна да трча по градината, и за чудо – никој не свика по него, како кога сакаше да трча по улицата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)