Потоа застанавме пред голема лимена врата во хоризонтални вдлабнатини и дури кога почна автоматски да се отвора сфатив дека се наоѓаме во гаражата, која е всушност кујна, а и влез и излез за целото семејство.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Под самата решетка на прозорчето, во вирот сонце, го најдоа дедо Костадин свиен во клопче и сторен колку една тупаница!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И денес го гледам татко ми, онака свиен во темната соба, претворен во силуета пред светнатиот апарат во мракот на одајата и наслонет со увото на шепотливото радио. Еден ден, беше тоа некаде кон почетокот на окупацијата кога дојдоа и ни го запечатија радиото, Рашела почна да ги забележува нашите потсмешливи погледи, по посетите на млекарот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој збор злокобно ми се сви во душата, а сопатниците не сакав да ги потпрашувам, иако тие минувале повеќепати по овој планински превој.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Васил, извини. Само знаеш... - тука забележав дека крајчињата од устата благо ѝ се свија во малечка, горда насмевка, каква што имаат луѓето кога не сакаат да се фалат и да се перчат за нешто, а не можат да си го скријат задоволството, - очекувам и други, битни гости во текот на оваа недела, - тука пак подголтна како од скриено задоволство, - па сакам да ми биде чисто.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сѐ додека неговиот последен неизвикан вик не му се сви во грлото, бессилен дури и за да одлета и нем.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)