Докторот му ги отвора очите, му накапува од оние капки за ширење на зениците и по десеттина минути му светнува во нив... и, батеријата не работи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Умната и убава Пела треба и други работи да научи му светнува во главата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Треба да му ја исперам кошулата“, ѝ светнува во главата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Жртвата, му светнува во главата, е поим и збор во кој се состои целата историја на Јудејците”. Пред очите му се појавува хоризонтот на Канаан, ветената земја на која по изгонот од Египет, гледа како и толкупати во својата фантазија, како пристигаат најнапред неколкумина, по нив десетици, потоа и илјадници луѓе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Излегувам надвор и пред да ја дувнам, нешто ми светнува во главата: гледам на училницата отворен прозорец.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)