Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бесмислено е да се изедначуваат. Но, одговори малиот човек, со тесни усни, зошто тогаш јас кој во сонот присуствував на вашите гадости како (по ваши зборови) измислена, нереална личност, сега се појавувам во реална личност, сега се појавувам во она што го нарекувате вистинска реалност и сведочам против вас.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)