Иако името ветува дека тој прирачник е за геј-сексот, книгата, всушност, била замислена како сенаменско упатство за машкиот геј-живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За тие цели, геј-мажите создале жив, многуопфатен експлицитен корпус од пишани, филмски и музички дела, знаменита акумулација на научни и критички трудови, како и институционални простори за натамошно проучување, размислување и откривање.
Понатаму, постои обемна популарна литература чија цел е да шири меѓу геј-мажите корисни сознанија за геј-мажите, од совети за дотерување, преку геј-историја, до што да се очекува од една геј-љубовна врска.436 Оригиналното издание на Радоста на геј-сексот (The Joy of Gay Sex), објавено во 1977 г., содржи не само илустрирани написи во кои се опишуваат разни сексуални пози туку и објаснувања што се тоа дискотеки, зошто геј-мажите одат таму и како треба човек да се однесува во нив, како и написи за особената важност на пријателствата во животот на геј-мажите или за тоа како човек да се справува со љубомората, а, сепак, да има среќна врска што не е сексуално исклучива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите и понатаму трагаат по свои прикази и по одрази на своето постоење во културните творби, а заинтересирани се да дознаваат за други геј-мажи од минатото и од сегашноста, да откриваат како геј-мажите си ги раководеле животот, љубовта, борбата за слобода и за достоинство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
I По заминувањето на Татко во вечноста, уште многу, многу години, за неговото поранешно присуство најживо сведочеа книгите од неговата библиотека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Долго постои скришно сознание што кружи меѓу геј-мажите за скришниот живот и дело на претходните геј-личности – чија хомосексуалност, иако добро позната, обично се турка на неизговорените маргини во службените истории, каде што останува скриена од невоведените. („Си знаел дека Кол Портер / Морис Сендак / Ричард Чембрлен....?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои геј-мажи навистина си ги почитуваат историските претходници, како што сведочи книгата на Бартлет за Вајлд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)