сака (гл.) - никогаш (прил.)

Овој миг тоа најарно ѝ го кажа. Ѝ помогна да го стори она, што не еднаш го чувствуваше, но кое не сакаше никогаш до сега да си го признае...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не сакаше никогаш да ги тревожи најблиските кажувајќи им ги своите маки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И му се сака никогаш да не престане да го слуша.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не сум сакала никогаш да му кажам. Можеби сами ќе разберете зошто.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој не сакаше никогаш да го обвинува својот народ, колку што сакаше да го разбере.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше книги од кои мораше да се ослободи, да ги изгори, кога се насетуваше рација на сорственици на библиотеки и книги, но од француските книги тој не сакаше никогаш и по никоја цена да се лиши, дури беше готов да си го жртвува и животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она што се случуваше на улицата, а и овде, на катов, она што веќе неколкупати го нареков грд сон што не би сакал никогаш да се повтори, беше само дел од таа долго подготвувана приредба. Не чудете се поради употребата на овој израз.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)