Ние луѓето, сакаме другите да го сакаат она што самите го сакаме, и да го мразат она што самите го мразиме; сакаме складност со другите, но нарцисистичка складност, во која што ние ќе бидеме извор, а другите само нејзин гмечлив предмет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Помислата на некојшто го мрази она што ние најмногу го сакаме, за нас е неподнослива, особено ако му успеало да ја придобие наклонетоста на некојшто го сакаме; ако си замислиме дека некој се радува на некое нешто, што може да го има само еден човек, ќе се трудиме тој тоа да го нема; ако си замислиме дека саканото нешто врзува за себе некој друг со еднакво или поблиско пријателство од она со кое што нѐ врзува нас, кон саканото нешто ќе почувствуваме омраза, а на другиот ќе му завидуваме... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 78
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Складност на вреднувањата на другиот со нашите ни е потребна, за во нив да го чуеме неговото почитување, потврда или признание на нашето самољубие - нешто што не можеме да го добиеме од некојшто не ги прифаќа нашите норми.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)