Го сакам мирисот на твоето постоење, сакам кога разиграно ќе поминам со прстите низ твојата коса, ги сакам твоите прегратки, го сакам погледот од твоите топли, широко отворени очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таа го сакаше мирисот што ја обземаше во тој миг, тоа не беше мирис ниту нејзин, ниту на Лилица , ниту на Андон, тоа беше некој мирис на ветрови што се раѓаат одвнатре и носат реа на пот и плодност, мирис кој тешко може да се именува, како кога ќе влезете во кафеана во која никако не можете да кажете од кое јадење е тој мирис што ве тера со стрв да подголтнувате, затскривајќи се тоа да не го видат другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Гледајќи го својот лик во нив се чувствувам живо и знам дека во нив се раѓа цел еден свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)