Постојано те исправа пред прашањето- Зошто дишеш, зошто на оние што го сакаат животот им го трошиш кислородот?“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сѐ уште не може да го сака животот помалку од литературата, иако често барал дополнително задоволство во книгите (и читањето) во однос на своето немалку возбудливо секојдневие.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој не веруваше дека судбината на човекот во историјата е проблем кој би можел да се разреши во внатрешноста на историското време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но тој не беше дефинитивен песимист. Го сакаше животот, веруваше во него.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А татко ти тврди, и тоа кога сè излезе на виделина, дека сакал да останам скраја од тој злостор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар не му спомнав на татко ти оти Ролан Јаковлевич и премногу го сакаше животот за да може да стори нешто за да си го прекине.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Сето тоа се гревови што го полнат, и покрај нашите добри желби, оној ненаситен бунар на нашиот заеднички живот!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А самата таа толку го сакаше животот и убаво си го проживеа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како што велеше баба Велика „Гости сме на овој свет, дојдени сме за мака“.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
(Таа му рече оти не го сака животот преточен во слики а Радо ѝ одговори оти ќе ѝ ги почитува желбите но дека не е спремен да ги закопа сите свои навики).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)