А ако не излезе како шо требе, сака децата да ми гладуаат в година без работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога таа му расправи што решиле двете со Нешка, а особено оти она го сака детето, тој само рече: — Е, нека е аирлиа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Те молам Кире јас сакам деца! – се обиде повторно Невена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа не можела да замисли никаква пострашна казна од судбината, токму затоа што најмногу од сѐ на светот сакала деца.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кажете ми кој од нас не сака детето да му биде математичар, физичар и електроничар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Не беа како обични наставници што те водат на летување, туку како другари, повозрасни другари кои знаат што сакаат децата и знаат како тоа да им го овозможат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И затоа, мислам јас, од што има претерано, му се има смачено од тој вид музика. Сака детето да смени малку.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ајде нека јаде тетка ми се едно исто јаденје, да ја видам дали не ќе и се смачи?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го сакаат детето... нивното дете...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нејзин најтежок проблем, што најмногу ја тиштеше, ја раскинуваше нејзината душа, беше - тој не сакаше дете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Палачинки им печам, еклери и торти за таа радост скоро цела плата оди и тогаш се чувствувам како Иван Грозни тоа е она што во животот ми годи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Многу сакам деца кои не одат на школо сурија мочковци во фотељи ми седат ќе заклучам врата, ќе згаснам светла и ќе им пуштам филмови да гледаат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Набргу Калифија-Рајс го започнала процесот на преминување од женско во машко.
Во меѓувреме, Мет Калифија-Рајс, кој сакал дете, а не верувал дека ќе му дозволат да посвои, неколку години не можел да прима тестостерон поради несаканите дејства, какви што му биле заслепувачките мигрени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нѐ сметаа за педерски/лезбејски пар, а не за двајца геј-/би-мажи чија врска е тато/момче, како што гледавме на себе ние“ (48).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Започнале „жешка врска“, но Калифија-Рајс во тоа време имала друга врска и раскинала со Мет; кога, по три години, биле одново заедно, „Мет веќе неколку години бил на тестостерон, имал операција на градите и брада...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Синот на Патрик и на Мет се родил година и пол потоа (48).
Тешко е да се замисли понастрано семејство: двајца истополови родители од различни генерации, кои создаваат педерастична двојка; обајцата се мажи, но ни едниот ни другиот не се родиле како машки; еден од нив раѓа дете откако преминува од женско во машко, а син им има тројца можни биолошки татковци, од кои никој не може да се идентификува со сигурност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според написот, Калифија-Рајс и партнерот, Мет, се запознале кога обајцата сѐ уште биле жени и лезбејки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За сѐ сака децата да ја прашуваат нејзе.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Нивната желба за споделување на таа грижата не е знак дека некоја мајка помалку си го сака детето, туку дека на жената ѝ треба малку време и за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А тоа дека само мајките треба да се грижат за децата е наметнато од страната на мажите, за да им го одземат целото слободно време на своите сопруги.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)