Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Се распаѓа листот гранки пукаат и кората се рони во грдиот простор.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во ова невреме ноќва, зората испраќа порака, скржавец чекори во денот, мислата умира Тони нагонот во бездна, ѕвездите солзи ронат Во сончевината на утрото, бакнежи од зракот на сонцето Солзата се капе во сопственото езеро Во ритмот на срцето, немирот болка ткае
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Околу чунот облетуваа роеви пијавици, се лепеа по него, и видувајќи дека нема што да исцицаат, се откачуваа и ронеа во водата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Пеперутките штом ќе го забележат Богдана во градината, започнуваат да облетуваат околу него и му застануваат на главата, на рамењата, на рацете, на телото; а ги има секакви: златици, медарки, аполонки, синолички, кадифики, ѕвездарки, жарулки, сребренки и какви ли не; сребрениот прав им се рони во воздухот и се меша со сончевиот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сркаат од лименката, подавајќи си ја лажицата и, кршејќи го парчето пченкарник, ги собираат во шепата трошките или ги ронат во лименката.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)