рони (гл.) - музика (имн.)

И тогаш, како deus ex machina, од публиката излегува една група луѓе, една чудно занесена група луѓе коишто сите паѓаат на колена пред девојката, се поклонуваат, ја бакнуваат земјата пред нејзините очи и низ целата просторија отпрвин тивко и срамежливо, а потоа сѐ погласно и посмело -------------- ...започнува да се рони музика, како да е девојката карпа а музиката бран којшто ја удира, ја руши и ја милува : “...кажи како ти е името, кажи кој ти ја даде таа снага со која - моето дно во небо го престоруваш?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)