роди (гл.) - многу (прил.)

- Да, да, се раѓа оваа година не се роди многу...ама има за живеачка. Колку да се протера годината.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На мајка му Златица ѝ се родија многу деца, но ѝ изумреа; ги раѓаше предвреме, осумчиња, и не ѝ траеја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но големото дрво може да роди многу плодови и воопшто да не ја почувствува нивната тежина – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Наредната година се родија многу јагниња, телиња, ждребиња... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)