Ако ѝ се роди женско — туѓа челад е, што се вели, нека крни глава, нека го ќердоса Митра; ама ако ѝ се роди машко, ќе и се обиде ако може да ѝ го дрпне, та така нејзиното што ѝ паѓа од Илка да ѝ се најде за Нешка, да си ја удоми на куќи, а Трајковото да си го остави на синчето што ќе дојде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„На мене...” вели Аврам, пресреќен што се роди машко. „Внуците се метнуваат на дедовците....“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Ми се роди машко дете. Наследник! Еј, наследник!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На убавата мермер чешма, во Варош-маалото, каде што беше куќата на Никола Делчев, една млада убава жена, ја пренесе новината: „Султана на Никола родила машко дете.“ - Нека ѝ е живо! - рече една.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ева кога беше пред крај на бременоста ни соопшти дека би сакала ако роди машко дете тоа да го носи името на нашиот починат брат.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Јас и послав и перница ѝ ставив, а таа седна и продолжи да му кажува на тате: За нешто не сум ти кажала, кога се омажив и останав бремена прво ми се роди машко дете, убаво и здраво, а живееше само неколку дена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
За задојница таа ја бендиса Бојана Жиовката, која пред година и пол роди машко дете. Co неа се спријатели на чешмата, почнаа да си одат — да си идат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)