рине (гл.) - снег (имн.)

Некои што можат се качуваат на куќите и со дрвени лопати го ринат снегот од покривите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го снемува ветерот, пред нив нешто го рине снегот и прави широка сува партина..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утрото Бојан бескрајно долго ринеше снег. Се бореше за тие вчера трасирани пртини во снегот, да ги одржи, да ги зачува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Смирен, вооружен со трпеливост, продолжи да го рине снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)