Реши и замина на деведесет и четири години, шест месеци по смртта на син ѝ Трајко.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
15. КОЈ ЧЕСТО СМРТТА ЈА СПОМЕНУВА, ПОМАЛКУ ГРЕШИ - човекот со тоа на животот повисока цена му давал, уште ако е и бавчованџија тој напросто би решил и кромидовата главица да ја смета за човечка глава...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Алајко и Мире не му одговорија, само со погледот му дадоа на знаење дека не се дојдени по добрина, туку со сериозна задача, која треба да се реши и изврши веднаш, неодложно и на лице место.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)