рече (гл.) - брзо (прил.)

„Да зборувам јас, или вие ќе зборувате“, праша тој. „Јас ќе зборувам“, рече брзо Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е па, додека дојдам следниот пат, мораш тоа да го поправиш, за да можеш ова да ѝ го читаш на мајка ти”, рече брзо дубровчанецот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас реков брзо да се врати човекот што тргнал, ако навистина тргнал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Благодарам“, рече брзо, „само прости, за кусур ќе немам, ова се дувровнички пари.“ И се насмевна кротко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не може човек од ниедна страна да се доближи до Калето! – рече брзо постариот брат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На нашите родители им рекоа брзо ќе им се вратат децата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)