Токо, чекај да те прашам: шо вели он, на шо ниет е, татко му шо му рекол од ка се врати или ошче крши жегли? — праша Неда и ја моли Тода да ја поучи како да се држи при оваа прва средба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја зеде кутијата и кутрите двајца толку беа задоволни од ова што го сторија та збор не можеа да си речат од занеменост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас не сум сокачар, а да бидам Турчин, белки е најпосле речено од горе?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еми, „Глигора, — реков, — човеков бевме пазарени за да го носи“... „Излегоа“ — рече од пенџере...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
10. ЛОШИ АРНИ - НАШИ СМЕ СИ - такво родољубие штом се рече од црно брашно леб се меси за најбел сомун да се пече...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ќе речете од каде го знам сето ова. Сѐ се знае.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Од небото. - Повеќе би рекла од пеколот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така ти е речено од наречниците, си заборавил. – Одговорија елените што ги влечеа санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)