Ноќта помина, денот-година одминува, времето се растура, заминува низ мене, но кога ќе шепнеш тука сум до тебе, кога ќе ти речам среќа моја си, а ти ќе воздивнеш - и ти на мене, срцето бие, воздух нема, умирам, прекрасно вака, конечно будна, вистината, топлината тука е, на ниту едно друго место, освен во прегратките твои, до срцето твое, каде јас престојувам.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)