Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој лично ни јавува дека пристигнува утре”. Градоначалникот ги крена веѓите во знак на неверица. „Добра вест”, рече рабинот Корео, ги поздрави двајцата и замина за да не им го попречува разговорот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сакам да ти се заблагодарам од сѐ срце за таа жртва, пријателу”. „Јас имам мотив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Куќата ја напуштаа како да одат на кратко патување, а не во егзил со непознат крај. „Сè ќе биде добро”, изговори Карер, повеќе за да си ги успокои разбрануваните емоции и да ја пополни непријатната тишина. „Тоа го знае само Оној што нè гледа и во оваа темна ноќ”, рече рабинот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)