Што се правиш на удрена?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
КОГА БРАТ МИ ОТИДЕ ВО ЛОНДОН Колку прекрасни денови беа тоа!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Е, сега сме сигурни! - олеснето рече мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Јас ѝ пријдов, ја прегрнав и ја бакнав во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Ништо, ништо, гладна била Маци, ама и лута, - рече мајката со бебешки тон, постојано насмеано гледајќи ја мачката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Не му ја давам целата, - рече мајката, - ама и уште три пати толку да имаме не ќе го наситат никаквецот штом дошол.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Ајде сега однеси ја чантата во твојата собичка, - рече мајка ѝ.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Било, затоа што јас самата сум се грижела, а тоа досадува и заморува, и не е воопшто лесно за една мала детска глава.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не знам? Што ви се јаде вам? - насмеано ѝ одвратив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Ќе го поделиме тоа што е за мене,“ рече мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Песната - рече мајка му - вака кажува: „Седнал Марко с мајка да вечера, солца, лебец и лути пиперки. Подмустаќ се Марко насмевнува“.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Однеси им трошки од колачи, - рече мајката.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Благица молчеше. Да ја излаже мајка си - божем не видела, не сакаше, а да ја каже вистината се плашеше од тоа што ќе рече мајка ѝ.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Конкретниот есенцијалистички модел на машкиот геј-идентитет кој го промовира Фелоус, неговата визија за геј-мажите како природни старинари, архитекти реставратори, љубители на стари куќи и „чувари на културата“, не може да ги објасни оние мажи – а знаеме дека такви има, дури ги има и во значителен број – кои се страсни и посветени модернисти, кои инстинктивно мразат украси, мразат викторијанска ситничавост и детали од разни периоди, кои копнеат по чисти линии и по апстрактни форми, по простори на зен-чистота и по јапонска апстракција и кои ни мртви нема да ги најдат ниту на сто метри од некое милјенце.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Слегуваат в град! - рече мајка му на Трајчета!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Не се ниту тајни, а уште помалку забратени, - рече мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Само што ќе ме видат и ќе избегаат, рече. - Ќе си врзеш шамија, рече мајка ѝ, таму и така жените си го покриваат лицето. - Таму носат и трето око, навезено на грбот од кошулата, рече Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Последниот рок за предавање на романто, - рече мајка ми, - истекува по десетина дена.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Аман бе, Тони, немој, - тивко рече мајката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Та шо ќе рече мајка да не го вида Толето? — Си мислеше таа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ние сме под протекција“, со потсмешлива сериозност рече мајка ѝ .
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Некои од тие момци можеби се во стегите на реакциското формирање – жртви на интернализирана хомофобија или на родова паника, кои очајнички си ги потиснуваат и си ги одрекуваат длабоките, внатрешни копнежи по циц, по кадифе или по позлата – но тоа веројатно не важи за сите нив.
Моделот на Фелоус, исто така, не ги објаснува ниту естетски неврзаните геј-мажи на кои навистина не им е грижа за историјата, старите куќи, дизајнот или стилот, за чувањето на минатото и за живот во совршен ентериер и чиј вкус е срамотно подложен на чести, страшни испади.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Тоа е сè што треба да знаеш пред да тргнеш“, му рече мајка му на крајот, „мораш да знаеш кој си, синко.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Ајде да чуеме нешто? - рече мајка му. - Ајде, бате, кажи нешто? - го молеа сестричките.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Не тревожи се , - ми рече мајка ми, - таа се расплака од радост што те гледа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Шчотуку заминал, живијот мртоец станал, ошол дома, грабнал секирата, се прекрстил и: хаа, на работа!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Од кога те чекам – ја прекорив. – Ми вети дека ќе напишеш роман во кој јас ќе ја имам главната улога, а не само бато да има таков.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
-Сврти се - пак рече мајка Евгенија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Многу сум љубопитна, - рече мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Телефонските разговори - рече мајка ми - биле ужасно скапи, па не можевме ништо поопширно да си раскажеме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
" рече мајка ѝ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Нема - рече мајка ми решително. - Постои само преживување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Па зошто не јадеш? - Така. - Денеска, ах, - рече мајката, - супава нешто многу се излади, нели Зоки? - Не, - рече Зоки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Да, жално е денес да се констатира, но во тој наш разговор Ѓурчин не беше спремен да ми помогне.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Арно ми рече мајка ми. Почекај, ќерко, времето нешто се буричка и ја крена главата кон небото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Сакам да се одморам,“ реков. Влеговме во спалната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полека-полека увото свикнува, а се почнува од полесна за слушање музика, па се оди кон потешка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да ви кажам право јас ќе правам така, како што ќе ми рече мајка ми.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
„Ќе оздравиш брзо... ќе се кренеш...“ рече мајка му и се обидуваше да се насмевне.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Скоро јас ќе се вратам, - рече мајката и тргна на бавча...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Со нашите раце и со умот го создаваме и доброто и злото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
КОГА “ЈА ИМАМ” МАЈКА МИ - И?! – рече мајка ми - Што – и!? – прашав, иако претпоставував како ќе изгледа нашето “дружење”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И јас, - рече мајка ми со тивот глас, како да се колеба дали исправно постапила, - му ветив дека романот што го бара од мене ќе го има до крајот на летото.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ете како се свршило пустото наречуање од наречниците - му рекла мајка му и си го грабнала за гуша, та си го избакнала и си го оженила, та је се стори цел домаќин на куќата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ми доаѓаше во сон како да сакаше да ми каже нешто, но никако не успеваше да изусти или кога ќе успееше да пушти глас јас не можев да слушнам...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Ете зошто не ве носам по странските фестивали – рече мајка ми – вам ќе ви биде здодевно, а јас таму имам многу повеќе работа отколку во Битола.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
" Мислам дека за тебе е најбитно да поверуваш во она што ќе ти го рече мајка ти", ме посоветува тој.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сигурно се кроти нов чувек у неа! како што знаеше да рече мајката Роса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Ајде на спиење“, рече мајка му плашливо. 39 Уште една клоца. Том легна задржувајќи си го здивот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Наеднаш исчезна, го снема, како да беше дух или некој негов роднина од сништата...“ рече мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И од тогај остајл мрзата и се сторил работник.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Често стариот се распрашуваше дали умрел тој и тој од селото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Шегата на страна, но модриот патлиџан нема само гастрономска туку и цивилизациска вредност, посебно за медитеранските народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Ване е болен! - со строг глас рече мајка му. - Тој нема да оди в кино!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Само да не ја ставите во вашата листа на опасни турцизми! рече Мајка и замина со подавалникот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така... ,Век човечки, би рекла мајка, кај нѐ врагот замери". 35.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Во право си – рече мајка ми. – Ова веќе ептен ми се допаѓа. – Пораснуваш, малечка моја, ти работи мозочето – и ме бакна по косата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А кога правта се стаи, виде дека таа е единствениот човек што слегол од автобусот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Костовица, сакам да речам мајка Евгенија, имаше четири свои сираци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Никој не е идеален.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Рацете ти се наполно во ред“, рече мајка му. „Не“, залипа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Имам нешто многу важно да ти кажам. - Кажи, - рече мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Немало потреба, секогаш сè било во ред – рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Така ти се чини, - ѝ рече мајка ѝ... но сепак се приближи кон рипката.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„Писание, би рекла мајка. Што може да ти се запише на главата, не може на книга.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои одговори е подобро да не бидат изговорени,“ рече мајка му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се таксало сонцето оти ништо не му чинит и ја откачила иглата од зад вратата, ја дувнала и се сторило момчето пак чоек, како што си беше напред.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- рече мајка му.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Добро е! - рече мајка му. - Значи пљачките се спасени! - додаде Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Се зборува дека наскоро ќе нѐ собираат нас Евреите и дека ќе нѐ однесат некаде, на пат за кој никој не знае ништо”. „Тоа се глупости, народот денес сешто зборува”, рече мајка ми со слична решителност. „Можно е”, одговори по подолга пауза таткото на Рашела.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Мила! - викна татко ѝ строго од дневната - слушна што ти рече мајка ти?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што би рекла мајка ми - „Во животот има и навика и одвика“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Умно зборуваш, синко, но ајде да видиме што станало со скривницата - рече мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Ќе треба да фаќаме врски“, му рече мајка му на татко му, а овој намуртено нишна со главата, како да му предложила да ограбат банка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Донеси па ќе видиш! - рече мајка му. Трајче ги донесе лопатата и казмата и мајка му почна да му објаснува.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Треба да научиме да разговараме,“ рече мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Сака да биде различен од другите – рече мајка ми – и тоа е на негова возраст природно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еден пазарен ден излегол царо да шета низ чаршија и кај што врвел покрај дуќаните, сите дуќанџии му стануале, само терзијата не му станал; при с¯ што го видел царо оти врвел, па не му станал, чунки преесапил ако стани, ќе изгуби стотина игли од работата и ете ти зијан.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
„Жив е”, вчера ми рече мајка му, „сè ќе биде добро. Ајде!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мајка ми му рече да оди кај комшиите и низ муабет да открие дали некој има намера да ни префрли што ја задржавме Рашела. „Оној кај кој ќе сетиш такво нешто, може да нѐ пријави”, рече мајка ми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Сите геј-мажи што ги познавам се ужасни мурдари, а и ти си таков“, му рекла мајка му на писателот и критичар Џон Вир по телефон кога му се јавила за да поразговараат за Настрано окце за стрејт-дечкото и за подвизите на Фантастичната петорка: „Има шанса да ги донесеш да ти го исчистат станот?“ 344
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сѐ на светов има мајка, ни рече мајка Верна Јаковлеска, и сонцето има мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
"Ништо", рече мајката ѝ откако направи една мала пауза, па речиси плачливо рече: "Срцето...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Уште ли е тешко да се најде работа? - праша претпазливо Марија. - Тешко, ами како? - рече мајка ѝ.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Чудо! - рече мајка му. - Што чудо? - рече Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Тоа е моја грешка што така сум ви ја објаснила смртта, - рече мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ходеешчем п'тем, видел во една нива неколкумина шчо береле на куп и сакале да кревает кахтени ореи со вили, та и поздравил и им рекол: - Честита ви работа, братја!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Во право си, - галејќи ме по косата, рече мајка ми, - романот не ти е завршен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Но, мамо, ништо не ми е! - извика Ване. - Ти ќе останеш дома! - строго му рече мајка му. - Болните не одат в кино.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Е, па, - рече мајка ми – научи да ги прифаќаш на ист начин и своите недостатоци и своите позитивни особини, и едните и другите се – ТИ.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас него одвај и го познавам – рече мајка ми со некаков далечен глас.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Јас немам женско, и затоа ми е полесно”, ѝ рече мајка ми на Рашела, која со светнати очи, ја слушаше како ѝ ја соопштува намерата да ѝ даде мираз за свадбата, смеејќи се од сѐ срце, заедно со нас на коментарот на мајка ми, секогаш кога Евридика ќе додаваше нова сума на чеизот на Рашела:
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А јас немав доволно храброст да ја присилам мајка ми да се исповеда пред сопствениот син.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Арно, за тоа ми кажал, ами за Лиса (кучката) што ќе ме испердушеше, ако не беше Смиле овчарот да ме одбранит?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- И сол ми донесол домаќинот! - израдувано рече мајка му, го прегрна и од очите ѝ потекоа солзи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Умрена од глад и истоштеност, кон крајот на војната, непосредно пред влегувањето на руските сили” - како што читам во нејзиниот „пасош” - во логорот на смртта Освјенцим како што би рекла таа, или Аушвиц како што би рекла мајка ѝ. Кога се вратив во Скопје, Елен Голдблум беше замината на Мартиник, набрзо, слушнав, добила преместување во претставништвото на Светската банка во една азиска земја на Кавказот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Конечно треба да научиме да разговараме,“ рече мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Како да не, се кажувало! – рече мајка ми. – Тоа не е точно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Минк ѝ се нафли на супата. „Побавно јади!“ рече мајка ѝ.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тате ја праша: - Уште прашуваш- рече мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Ако сакате, дојдете дома да ви намачкам леб со еурокрем, - им рече мајката на Ане и на Томе.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Така. Го завршивме полесниот дел. Сега останува уште потешкиот, да си најдеме зет”, ќе речеше мајка ми, додека ние продолжувавме да се шегуваме, а Рашела се правеше дека тоа веќе не го слуша, излегувајќи од одајата по некоја од безбројните работи, иако во лицето сосем се заруменуваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се напрегнав да чујам: - Детено има развиено чувство за праведност и неправда - рече мајка ми, мислејќи веројатно на мене.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ете, тоа ми го рече мајка ми - му објаснив на Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И вистина, убаво ми рече мајка ми вчера: „Ано ќерко, поднамирви се веќе малку поубаво кога одиш на вада, оти таму се собираат момичките и жените од целово село, пак ќе те прикажуваат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Остави, - ѝ рече мајка ми - недела е, утре ќе дојде Нерка, и за час сè ќе среди.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Тетка ти дојде да те види,“ ѝ рече мајка ѝ .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Ова е голем комплимент за мене – рече мајка ми. – Ќе треба да напишам и друг сличен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Казнета си, - ми рече мајка ми и си влезе во кујна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- А, да, се сеќавам – рече мајка ми – тоа беше моја грешка, те однесов на концерт што ептен не одговараше за твоја возраст, затоа ти беше здодевно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Да вечераме и ќе ти кажам - рече мајка му, ја запали ламбата и седнаа да вечераат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Продолжив да го тријам ножот, иако веќе беше светнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но најдобро би било да провериш сама!“ - рече мајка ѝ.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Тој веќе не ја погледна. Таа одеше по нас до излезот од трошната куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Ај да си играме. Можеме да правиме ќофтиња од кал, - ѝ рече Ане на Дора. - Ај, - рече Дора.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ќе ти кажам, синко - му рекла - ами таксај ми се оти ништо не ќе му сториш на чоеко, да после ти го изваам да го видиш што чоек јет - му рекла мајка му.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Нема да се вратам дома, рече мајка ни.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„Ах, ни нему, ни нам уште не ни е дојдена среќата“, рече мајка му.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Да не е кич? – се уплашив. - Не е – решително рече мајка ми. – И навистина, многу ми се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Страхувам и да не го повикаат итно татко ми в болница, но исто така и од тоа да не рече мајка ми: - Ајде, побрзајте со вечерата, да ве легнам, зошто имам да пишувам текст за утре.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Гледајте да не ви изгасне огнот! Дрва и јаглен имате во сандакот, - им рече мајка им на излегување.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ние сме на почетокот на ручекот, ќе видиме на крајот, рече Мајка пред да замине со госпоѓата Камилска да го донесат новото јадење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ѓувезија Дубровска рече: - Јас ја видов казната негова, а тој не сака да ја види мојата. - Тој гледа сè, рече мајка ѝ, но и тој одбира што да гледа побргу.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа пак ја дофати свеќата, ги зари ноктите во неа и гребеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тије зеле лопати и врешча, та тој час и собрале ореите на куп и 'и наполнале во врешчата, та го молитвеле старецот, шчо 'и научил таков ум.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дури ни Фантастичната петорка не била имуна на безразборност, а само еден поглед во секој каталог за пазарење или за облека за геј-мажи е доволен засекогаш да ја разбие претставата дека геј-мажите нужно имаат во суштина добар вкус.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во заблуда се тие мајки што веруваат дека е така.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Да не откаже... - без глас рече мајка ѝ на Викторија, целата стопена од страв...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Не карај го, - му рече мајка му, - си знае зошто лае на него... Познаваат кучињата...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Излези на студот надвор ако си прв- задорливо му рече мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Како е Ана?,“ прашав. „Добро е,“ рече мајка, исправајќи се, и одново седна покрај масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А кога ѝ рекол МАЈКО - и го повторил тој збор - дури тогаш го кренала челото ничкосано врз згрчените коленици.И го здогледала.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Двајцата беа пресреќни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Да чува господ и да брани, рече мајка ѝ, ти ја пушташ по светот, а таа ти се враќа без глава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Твое е синко, земи го. - рече мајка му. - Го симнав од покривот на шупата, каде што го фрли ти!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Нема да одиш никаде!” - рече мајка ми. „Тоа е желба и на твојот татко.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Ајде да ручаме.“ „Тоа е доволно само за тебе,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Застани малку и здивни“, рече мајка ѝ .
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Димитар е рапер. Фотографијата на баба му ја носи во паричникот и така секогаш му е полн и кога ќе ги потроши парите.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- му рекла мајка му.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ах, Маци сака кај тебе! - рече мајката со бебешкиот тон.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Оф, мори ќерко - је рекла мајка је - стани, работи, оти тој одошто јет муд'р, мажот ти, ѓоа на метлата му нарачуа, ја тепат неа наместо тебе; тој праит: нагоарам ти ќерко, дошикај се снао!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога је така - рекла мајката на нероден Петка, - хајде да плачиме!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Тогаш оди, ама порано врати се! - рече мајка му и влезе во куќата да ја внесе солта.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Таа никогаш така не подвикнала. Ѝ падна жал и се расплака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Немој после да жалиш како мене, рече мајка ми. Нема, реков јас.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„И останатите малечки на Зигмунд се добро.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Од комплицирано, уште покомплицирано -, рече мајка ми.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Уште се лепи, - му реков, - Вчера чичковците ми рекоа да им кажам на другите деца да не се качуваат по мостот, да не се извалкаат и да не ја уништат бојата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како го направи месото? - Ќе ви објаснам после.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
По секоја цена да си различен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
По цел ден не би се гледале.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Треба да вечераме - рече мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
– „Боже! Зер си гледал од некаде, ја ти кажал некој, море синко Силјане,“ му рекла мајка му.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Едно извесно време ја посетуваше Сија Хаџибанова, но и таа престана да доаѓа зашто не знаеше како да ја утеши.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Немаше одговор.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но за жал со големо задоцнување“ ми рече мајка ми по еден наш разговор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Чула ли некогаш за таа скромна музичарка? И за нејзината мајка. Иако презимето на Елен е Голдбаум.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Другите тоа одамна го сторија, а ние уште спиеме - рече мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Наш си како не си наш, Павле, му рече мајка ми кога си дојде на себе.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)