рече (гл.) - командир (имн.)

- Враќање в село нема. Тука ти е местото! - му рече командирот на чичко Анѓелета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
После да се измери и да се закачат колчиња и дури потоа да се почне со работа. Без да мине главниот турски инженер, ништо не бидува.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Бидете готови за покрет - рече командирот. - Ќе мине колона автомобили.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Идиоте, - рече командирот. - Во главата ли ти ѕвецка тоа, или каде!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Отсега нема што да криеме од тебе, Трајче - рече командирот Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Бре, бре! Ама се ѓаволи овие Македонци! - рече командирот на бугарската полиција.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)