рече (гл.) - владика (имн.)

А сега, со Ваше одобрение, би Ве оставиле да размислите за сè, господа”, рече владиката и ширејќи ја раката кон Карер го собра и градоначалникот и заедно со него излегоа од командата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите.  „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц.  „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој е добар шахист, знаете”, лежерно рече владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој стоеше достинствено исправен, со широко издадена рака, потпрен на својот свечен пастирски стап.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Така личи, дедо владико. - Така е, чедо – рече владиката – така е синко божји.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Германците не презедоа никаква акција, а како за чудо, на пораката на Владиката дојде одговорот од Берлин по радио-врската, во кој меѓу другото стоеше напишано: „Евреите на Закинтос ќе останат на островот со одговорност на митрополитот”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„И тој тврди дека таква листа не поседува”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)