рече (гл.) - баба (имн.)

— Горедолу, ќе ватат дватриесет парчиња — рече бабата и го праша Крстета: — Имате ли со попот толку пари?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невесто, ѝ рече баба на мајка, да му речиш да кумот да не кандиса друго име, ами само Митре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Нека останат тие петстотини, му вели татко ти - зашто ако се фатиш со старата, секој ден и за секој изговорен збор ќе ѝ бараш да плаќа казна... - одново удри смеа, а Мита, кикотејќи се гласно, праша: - Како му рече баба ти на судијата? ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чекај го синко! - рече баба му, го лупна по обравчињата и го испрати в бавча да си игра.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- На раат нека си ги измие главата и брадиштето- рече баба ми сожалувајќи го попот со самохраното синче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
— Утре ќе го закопаме на закон, рече баба, зашто човекот ќе дојде и ќе ни раскаже како е убиен, дали многу се мачел и дали нешто рекол, дали нешто порачал кога умирал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа ќе раздадеме за душа негова, рече баба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Штом е така, - рече баба ми, - ќе можам да ја искористам за правење пинџури ајвар уште есенва, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прави ми Господе“, си рече баба Севда пак прекрстувајќи се, „што сакаш прави, ама Пандо мене ми е господова, твоја работа, Господе“, рече баба Севда пак прекрстувајќи се.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Сонот“, си рече баба Севда. „Сонот!“ внедоапно си рече баба Севда. „Ете ми го сонот...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Балонов ти го испраќа тетка ти и ти го честита роденденот, - рече баба му читајќи го писмото.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А, - рече бабата, - не знаете вие, Зоки умее да брои до десет!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Заслужувам ли ручек? - Заслужуваш, - рекоа бабата и мајката, па и таткото и себеси си ја наполни чинијата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Инаку, види се каква си, може ветар да те дувне, - рече бабата на Дора и си ги скрсти рацете врз големиот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Седнете на масата во дворот. Ајде и ти треба да каснеш нешто, - рече бабата и ги затвори ќепенците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Еве ви нешто да си каснете, - рече бабата, сета насмеана и црвена во образите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- За тебе имам и едно парче салама, - рече бабата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Броени се, па затоа брзо минуваат! - ќе речеше баба ми.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Вода стои - нашиот наставник не стои!“ би рекла баба ми Мирјана, рече Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)