— Така е, бре Калешко, така , така! Кога пазариш — пазари ѓупци, кога плаќаш одврзи ќесето плаќај туџарски, рекол некој. И вие сега, пазарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Се пушти соколот по гулабот, - рече некој внатре и настана смеа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
За разлика од индиските, нашите тагови ги симнаа сите маски и целата држава ја земаа под свое (како ајдучко главешинство) и легално го извршуваат своето дело на убивање, барајќи сега од сите државјани спрема божицата Кали, којашто тие ја нарекуваат „Татковина”, да ја извршат својата „света должност” (ритуалното убиство), како што тоа го рече некое денешно министерски рангирано војничиште.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Да запамтиш, Циљка, дека ти си борец... - Во малина... - рече некоја и сите удрија во смеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ах, - рече некој. - Мислиш тие се јунаците!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ако, си рече Србин и не престанувајќи продолжуваше да опоменува: - Бегајте... . Народе... - Види, види, - рече некој.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Која вода?“, прашав јас. „Дарванската“, рече некој од групата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Ветар те вее“, му рече некој од толпата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Кога доаѓаш во туѓа куќа спиеш и јадеш во онаа одаја што ќе ти ја покаже домаќинот“, рече некој трет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Добар ден, рече некој од празнината. Добар ден, рече и самиот од празнината како празнина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Војна е. А господата избегаа“, рече некој и нему тој глас му се стори непознат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Што рекол некој, се разбира, благодарение на детето, дал господ се полнорамно.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Што рекол некој: „Која страчка без опашка та Кристафил мој без жена!“
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Море браќа бре, ами Силјан е шетан човек, им рекол некој стареа, тики видел земја секаква, ти видел море, тики со секакви луѓе се кунуштисал, да од тоа Силјан се научил вакви приказни и сторении да ни кажива.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ајде речете некоја ага! Речете ми ја: „Русе седи на мостето, Банџе се вози во чунчето“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
САВЕТКА: Што рекол некој, „едни коли други дери“ со девојчињата и не мрднува!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Ти тече крв, рече некое од децата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И ќе рече некој дека е некоја кралица. Пфу! Јас благодарам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Еден помалку, рече некој од нив. - Црн виски - бој!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Што застанавме, рече некое од децата. – Што не одиме?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Еве што се случи понатаму: кога во Бошка остана малку вера дека ќе се спаси од Лумана и покрај готовноста на Дика за атер негов да рече некој збор, во одајата влезе некој од момците и рече: - Чорбаџи, ефенди Луман доаѓа!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Да најдеме некој што ќе нѐ весели. На пример, славејот - рече некоја од мравките.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Ех, тој е од големото Добро Утро, ќе рече некој од луѓето по патот, по цел ден квачи јајца.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)