Горо ле, сестро, дојде време да жалиме, да си плачеме... двете да си тажиме... за пролетта... за младоста... за лисјата пожолтени... капнати... чедата неизраснати... за домаќинот мој... за Трајана, леле за него на Беласица сосечен... реди низ молитвени зборови - леле, горо сестро, небото е уште високо, ама преселни јата одлетуваат...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)