Она што треба да биде пракса во мигот кога некој ќе треба да се регрутира во редот на театарџиите, творците, е да се констатира дали има срце или не.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Зарем може да се заборави примерот на сеалбанскиот јунак во албанската историја Скендербеј, кој ќе биде победник во три војни објавени на Отоманската империја, по неговото враќање во старата христијанска вера, преобратен уште во детството, подоцна регрутиран во јаничарски војска.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)