реализира (гл.) - одреден (прид.)

За него немало никакво сомневање дека тоа биле партизаните.38 По запознавањето на ситуацијата на боиштето на Југославија, Маклин во својот извештај до Министерството за надворешни работи ќе заклучи дека партизанското движење во Југославија има ефикасна врховна организација со која би било можно да се планираат и реализираат одредени задачи и дека “каква и да била нивната политика, се бореле, против нив (Германците б.м.) и тоа многу успешно, а четниците, како и да гледаме на нивните мотиви, главно не се бореле или пак се бореле заедно со Германците против своите сопствени сонародници.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)