XXIV Веста за откривањето на сиџилите бргу се рашири низ ориенталистичките кругови во Федерацијата, во Турција и подалеку.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Однатре почувствува лошење како кога се возиш во брз лифт, и како резултат на тоа следуваше слабост, која брзо му се рашири низ целото тело, предизвикувајќи вртоглавица и гадење во стомакот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Јас ќе ја печам, та таква миризба да се рашири низ планината, та сите волци да се соберат...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во летото 1914 започна Големата Војна која набргу се рашири низ Европа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Младите мажи беа мобилизирани – синот на сестра ми Роза беше испратен на фронтот во септември таа година, а неколку месеци потоа и синовите на Зигмунд: Мартин војуваше во Русија, Ернст во Италија, а Оливер беше дел од воената инженерија, и градеше тунели и касарни на Карпатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веста за белата козја инвазија се рашири низ градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веста дека Чанга, кога ги пасе козите, им чита на козарите, брзо се рашири низ градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веста брзо се рашири низ Козар маало. Чанга е жив! Козите се живи!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се крена топла пареа. Сладок и пријатен мирис се рашири низ куќата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)