растури (гл.) - по (предл.)

Набргу, сепак тие се растурија по голината на една длабока долина и Змејко уште веднаш ја изнајде напред во снегот затрупаната врата на шумската пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ебатти знаењето, му велам јас, и после се растуривме по куќи, по држави, по светот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа е најомразеното колено зашто учествуваше во граѓанската и се растури по комунистичките земји. И тоа тукуречи е при крај.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Народот молчеливо се растури по патот бришејќи ги насолзените очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ретко бие камбаната. Верниците се растурија по светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)