— Вие сте и клале главите во торбите и си имате право, но работата е тамо, шо не ме погодите при готови пари. Не се ногу парите, но се растурени во јарците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Излезе песната од ровот и се растури во мракот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Светлина се растури во земјанката и по черек време се почувствува блажена топлина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Јуриииш!!! - громовит глас се растури во воздухот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сме се растуриле во сите правци, а околу нас насекаде смрди: мувите и сонцето брзо работат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И еден постар човек во скршени години со побелена коса која му оди околу темето со ситни мониста кои ако ја заврти лево десно ќе се растурат во калта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во жетвар беа ожнеани на Вичо - Коста и Доне, на Харо – Јане, Васил на Горуша.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стариот Начко секој ден ја биеше камбаната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така му рекоа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јане им погина на Бела Вода. А на Цветници, кога цутеше дренот, плач се растури во куќата на Митрашковци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)