„Ајте сега, господот ваш, обидете се ако ви држи...” им велеше на луѓето кои стоеја со копачките да му ја срушат; тие кога ќе ја видеа пушката, се растураа и пак се враќаа; тоа со месеци го чинеа: идеа со копачите, вртеа околу куќата и пак се распрснуваа кога ќе го видеа Бандо со пушката; се обидуваа и ноќе и дење, но тој секогаш беше тука: стражареше на мазгалката и ја вртеше пушката кон нив.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Светлина се растури и се разлеа наоколу, се подигна до таван, го осветли лицето и очите на Пандократорот; се пројаснија крилјата на ангелите и образите на светците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа не беа викања на радост, туку викања на болка, на тага и чемер, тоа беше гласно, очајничко, распарувачко, расечливо и неутешно плачење и лелек што се растураше и се разлеваше врз нас, не избезумуваше и ни ги кинеше срцата...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)