- И така, нè растера таа проклетата, ме однесе мене дури преку Дунав, онаму, во Влашко, ако си чул, ме заробија, разбираш или не, како добиток не туркаа по возови и вагони, и најпосле не турнаа таму, пак како добиток, ме разбираш или не, во некакви огради од боцкав тел и... и еве го иде Бојан, нема време да ти раскажувам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)