Љубопитно се распрашуваат кои сме, им изгледаме туѓи за што првпат нѐ гледаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие од второто биро се распрашуваа кој го рекол тоа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Почна да ги распрашува кои се и што се, но брзо му секнаа прашањата во главата па повлече некакво јаже после што во дворот се оѕва ѕвонец, чиниш потплашена коза спрснала да бега.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А можеби и друго да се случи: воопшто да не се распрашува кој зошто допаднал во затворот, ами просто напросто да нареди сите да се фрлат во морето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како сте в поле? – ги засипа со обичните прашања па почна да ги распрашува кој кај кој бег работи – зошто се толку парталави, голи, боси и страдни. – Како чифчии, зошто – му одговори еден од тројцата и го прашаа него од кое село е тој и на кој чифлиг работи. – Немаме ние во Мариово наш чифлигар над глава, браќа не, сами сме чифлигари, сами чифчии.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)