распара (гл.) - конец (имн.)

Газам распаран конец, премин од будност во несон или сон; не знам што е пострашно; Се сакам кога ми доаѓаш Постојано, развидрена моја Мајо; Има само една временска пукнатина кога навечер ќе легнам- спокоен, зашто тогаш и ти ме заобиколуваш.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)