Аето почека до вечерта, па преспа кај Влаинката со надеж дека тоа копиле ќе му падне в раце, но најпосле, помирен со судбината, Аето влезе во својот сега душмански распаран автомобил и многу лут и нерасположен си замина од Брезница, од што на брезничани им олесни и ги натера посериозно да се потсетат на својот мал соселанец Илета Вегов.
               
             
           
            
            
              „Човекот во сина облека“
               од Мето Јовановски 
              (2011)