рани (гл.) - со (предл.)

„Кога таа така ги чисти своите уши, така ќе ја чисти и мојата куќа“ — рекол и ја оставил и неа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога бевме деца, нѐ ранеа со солпипер, нѐ облекуваа во шајачно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еднаш овдека Никифор ме ранеше со тулумби и шеќерпариња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Риби ќе ранат со нас, вели Манол Форевски, еве, Драч ни се ближи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тој: „Не ми го испила чавка мозокот, да земам таква, па да ме рани со муви.“ И ја оставил.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)