разнесе (гл.) - писок (имн.)

Го изврши тој обид, но уште со роењето на пчелите, се разнесе писок низ селото: се нафрлија пчелите на луѓето, на добитокот, на сè живо што ќе сретнеа, бегаше добитокот, луѓето се затвораа по куќите, ги затвораа вратите и прозорците, ги затинаа дупките и цеповите за да не може да им се протнат внатре; тие што ќе ги каснеа, потечуваа во лицето, во главата, во снагата; врискаа од болки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)