размислува (гл.) - и (сврз.)

Стана во мугрите. Се врти по куќи, мисли, размислува и сенешто и шепоти дека погреши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски бујно размислуваше и откриваше дека голем број ретки книги од неговата библиотека би можеле да се надоврзат на Татковите книги според назначените тематски области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седи, размислувај и крои планови за иднината. - Овде иднината е само бавно умирање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Размислувам и во правецот на телепатијата и космичката енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа тој можеше да го заклучи секогаш кога ќе престанеше да размислува и кога се престоруваше целиот во слух, живеејќи со секој дел од себе само со она, што се случуваше во неговата собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Палестинците на чело со Јасер Арафат ќе се најдат во вистински дипломатски лавиринт, во кој политиката чекор по чекор во решавањето на судирот, кој претставува една од отворените рани на планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Умеам да размислувам и да откривам излез и од натешката ситуација. Бар до тој ден умеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Размислувај и не бегај од она што во себе го сметаш за вистината, зашто само по тоа луѓето се ценат и се сакаат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Истовремено размислувате и за тоа дека човекот што не ви отпоздравил ве потценува, за него сте безначајна личност, а тоа длабоко ве навредува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Веќе три дена размислував и сега ти велам збогум.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова се луѓе од некој далечен свет, од одредена планета и имаат точно одредени очи, точно одредени уши, одат со нозете на точно одреден начин и носат оружје и размислуваат и се борат, и имаат точно одредени срца и секакви други органи, точно така како што уште многу одамна беше утврдено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)