размислува (гл.) - дека (сврз.)

Во тоа време, никои не размислуваа дека добиваат оценки за плагијат или за позајмена работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Потоа дојде една непријатност и тој ја зема штичката обвиткана со памук, ја бутна под повредениот прст, сето тоа го врза со завој, размислувајќи дека овој прст поради скок преку некаква дупка или поради некој нездогледан корен, поради охолост или лекомисленост - накратко, дека, се чини, е скршен во длабока врска со текот на овој живот и со судбината, а тој сега мора да се грижи за него како за некој што е далеку или избегал, па наслушна во длабочината, каде што како во некаков момент на болка се слушна уште некој глас. Маргина 36 57
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Размислуваше дека сѐ уште не ја дозна конечната тајна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првите записи за баклавата кај Османлиите се сретнуваат на почетоците на царството, уште во 1473 година, во времето на освојувачот султанот Мехмет II.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога те слушам, мој пријателе Камилски, размислувам дека баклавата може да се смета за еден од ретките симболи што сведочи за подемот и падот на Османската империја! Не разбирам како?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Размислуваше дека и овде било присутно трајното јаничарство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без да размислувам дека со земањето давам време да останам во дуќанот, го позедов пивото, но капка не ставив в уста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И еден ден, кога логотетот го свика советот по прашање воено, тој на крајот, откако советувањето заврши, побара збор и рече: „Пресветол и најмудар логотету; долго време веќе мислам и размислувам дека ќе го навлечеме врз себе гневот Божји ако не постапиме мудро: Бог знак ни испрати со Филозофот, и неговите чудесни дела што ни ги покажа овде кажуваат дека божја волја е него да го примиме како тринаесетти мудрец во советот наш, со тебе вкупно четиринаесетмина да бидеме.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сѐ на сѐ, една прилично насилнички настроена година. (...) Во почетокот на 68. куп луѓе кои веќе со години беа на спид почнаа да размислуваат дека е крајно време да се престане со тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Размислуваше дека ни оној, исто како него, не ги поднесуваше суриите и секогаш ги оставаше тие да си бидат за себе, заминувајќи сам по честаците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден ден, кога веќе размислував дека треба да ги залевам сите дрвца во дворот, останав изненаден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)