размислува (гл.) - во (предл.)

Накратко да ги повториме квалификациите кои се корисни, но не и пресудни: способноста да се издржи физичката дисциплина на пишувањето, што значи, да се седи и да се пишува на машината за пишување; способноста да се биде упорен и да се апсорбира обесхрабрувањето заради неприфатеноста и уште посмртонос­ ното обесхрабрување што доаѓа од самото ваше лошо пишување; увид во мотивите на другите; способноста да се размислува во конкретни, визуелни поими; основни познавања од областа на литературата (читачко искуство).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се согласија едно време да не се гледаат и секој да размислува во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Освен тоа, тој горд аскет е единствениот жив човек во градов кој размислува во систем, наполно свесен за своите претходници и наследници, и ја вложуваа сета своја интелектуална енергија да го образложи terminus medius меѓу метафизиката и животот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, залудни им беа сите обиди, и на вистинските интелектуалци, дури и на оние кои сами се нарекуваа интелектуалци, а пак оние што беа на врвот воопшто не се ни обидуваа да размислуваат во тој правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука постојат две идеи: таа на интрисичка спротивност, и таа на контекстуална спецификација на значењето (т.е. тоа дека значењето на еден конструкт може да биде дадено со разгледување на поширокиот контекст во кој тој е во однос со другите конструкти). Rychlack претпоставува дека компјутерите не само што не можат да повикаат контекст на овој начин, туку исто така не се во состојба да размислуваат во спротивности (при што тој ја зема нивната булова природа, како што е погоре објаснето).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Буде ЧЕТИРИ РАСКАЗИ ... илустрација: Едвард Дел Росарио Се чудеше од каде тоа задоволство што го чувствува кога за себеси размислува во трето лице. okno.mk | Margina #1 [1994] 47
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неколку ноќи пред предвиденото заминување силно размислував во соништата за патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се прашуваш на што ли ти мириса потта на огледалото и едначејќи ги по звучност врисоците на кујната, размислуваш во која техника да го нацрташ денот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Неспокојно размислував во движење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Најспокојно размислував во движење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мнозинството сè уште размислува во категориите на напредок и просветителство: сè уште го доживуваат, осознаваат и вреднуваат светот како ланец од причини и последици.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Терминот diffѐrance е изведен од латинскиот глагол differe - чие значење е и одлага /to defer/, одолжува /to delay/ (што имплицира временски хоризонт), и (се) разликува /to differ/ (што имплицира просторен хоризонт) - сепак со една јасна измена: Дерида намерно изменува една буква, правејќи грешка, иако нечујна: наместо да напише diffѐrence - именката изведена од глаголот во согласност со граматичките правила - тој пишува diffѐrance, што звучи исто, но сепак графички го принудува читателот да размислува во насока на неслушнатото, на тој начин навлегувајќи во читателовото потсвесно со еден непостоечки глас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така размислуваше во тие мигови Цветан Горски, слушајќи го во продолжение секретарот: - Другари, бранот на социјал-комунистичките трансформации стигна и на бреговите на нашево Езеро, со неговата река, што нѐ поврзува со морето, со светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Размислувајќи во врска со долгото живеење, Мил имаше теорија дека е тоа сврзано со половото зреење, односно, дека ја одредува должината на животот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)